За нас

Фирмата ELAB е формирана како трговски дуќан во 1985 година. Во почетокот се занимава со одржување на индустриска електроника и изработка на уреди и автомати за потребите на фирмите во Куманово. Во 1991 година е изработен и вграден прв контролер по сопствен проект врз база на процесорот Z80. Во 1996 година е проектиран и вграден контролер врз база на PC-компатибилен компјутер.

Во тек на досегашно постоење фирмата има произведено и вградено околу 40 контролери со Z80 и околу 10 контролери базирани на PC. Покрај производство и вградување на контролери се бавиме и со производство и на други уреди и мерни инструменти по нарачка. Посебно треба да истакнеме дека со фирмата "FLUID PROEKT" од Скопје имаме изработено и вградено околу 40 стерилизатори за вода и неколку уреди за мерење и регулација на параметрите на водата, било да е за пиење или да се тоа отпадни води од пречистителни станици.